„ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2019“ МЕЃУ КОРИЦИ

Клубот на литературни творци го издаде зборникот ,,Поетско Маркукуле 2019,,. Објавени се 50 песни од прилепски и македонски автори, учесници на манифестацијата која стана традиција и ги собира поетите од државата на заедничко поетско ѕвездено небо.

-Магијата на поетовиот збор и убавата мисла се сврзувачки јазол меѓу небото и земјата, публиката и писателите, кои во прегработ на ,,Поетското Маркукуле,, ја вознесуваат најинспиративната вдахновена мечта изразена преку сликовитоста на зборовите. Под небото секоја година се раѓаат зборовите на поетите од сите краеви на Македонија и живеат нивните пораки во налетот на ветрот, во шумолењето на гранките, во сеќавањето до следната средба. Манифестацијата е сентиментална исповед од душата на македонските поети кои ја симболизираат вербата во пишаниот збор кој му пркоси на ,,забот на времето,, и го чува од незаборав собраното во магичната моќ на поетската средба – вели Цеца Видова Трајческа.

Loading