ЗБРАТИМУВАЊЕ СО ХАЈДУК

Прилеп сити

Досега имаше збратимување на градови, месни и урбани заедници, сега и на фудбалски клубови. Повелба потпишаа Прилеп сити и Хајдук од Лознани, Битолско. Двата клуба се од општински ранг, со скромни натпреварувачки, но силни амбиции за негување на позитивното во фудбалската игра. Планирани се пријателски мечеви, помагања, дружења… Низ разговорите на фудбалерите, тренерите, симпатизерите и претставниците Бенито Наумчевски и Коста Мирчески, беше нагласено дека во спортот најмалку важно е да се освојуваат бодови и пехари, а највредни се дружењето, комуникацијата, пријателствата.

Пријателскиот меч немаше намерни фаули, па лесно го отсуди домашниот тренер Мирчески.

Loading