ОН ЛАЈН – ПРИЛЕП ЏЕЗ ВИКЕНД

Во организација на здружението за субкултура Прилеп Џез фстивал, наредните два дена онлајн ќе се одржи десеттото издание на Прилеп Џез викенд фестивалот. Честа на отворањето припадна на Кантон 6,  пионерски кросовер музички проект од 2000 година. Тоа е интелектуален производ на Синиша Евтимов, еден од водечките современи македонски театарски режисери и Мирко Попов, композитор/продуцент, диџеј, издавач и музичар.

Првата вечер (четврток) ја затворија Летечки пекинезери. Тоа е популарен бенд кој повеќепати настапувал во Прилеп. Располага со многу локални фанови кои направија ,,голем притисок,, кај организаторот за нивното учество. Вечерва (петок) настапуваат  онлајн Таџи Цонсилиум… како велат за себе – ,,спиритуално присоединување на четири озлогласени арамии од болникавиот македонски џез етер и сите можни други офтикави форми на музичка експресија…,,. Вториот дел од вечерва е резервиран за гитаристот  Тони Китановски и бендот Панда 5. Станува збор за музичка лабораторија составена од врвни македонски џез артисти која изведува оригинални композиции од Китановски. Белег им е спонтаната и често колективна импровизација во солистички аранжерски манир. Ќе изведуваат композиции од двете инкарнации на составот како и нешто ново.

Третиот ден е интересен. Првин е ,,Трибуте то Јазз мессенгерс,,. Тоа е  комбо состав од врвни македонски џез инструменталисти. Џез викендот ќе го затвори составот на врвни музичари САЅУГÀ ЉУАРТЕТ феат. ЈУРЕ ПУКЛ… Ѕвезда на вечерта е саксафонистот Јуре Пукл, уметник кој живее и работи во Њу Јорк и познатиот музичар Васил Хаџиманов, чие име далеку одекнува во светот на џез.

Loading