ДУБОЧИЦА ПО 29 ГОДИНИ ВО ПРИЛЕП

Ракомет

Rakomet

Од вторник до четврток во салата од СОУ ,, Ристе Ристески-Ричко,, ќе се одржи Меморијалниот турнир ,,Миле Нешкоски,, во организација на РК Прилеп, во чест на славниот репрезентативец, починат пред 10 години. Турнирот е од меѓународен карактер, бидејќи учествува српската Дубочица од Лесковац. Позната екипа, ривал на Тутунски комбинат во некогашната Втора југословенска лига. Последен пат има гостувано во Прилеп пролетта 1992 година, кога беше 26:25 за Тутунски. Покрај Прилеп и Дубочица, учесници на турнирот се: Тиквеш (Кавадарци), Голден арт КЛ7 (Скопје), Струга и Еурофарм Пелистер 2 (Битола),

Претходно Прилеп одигра 6 пријателски меча.

Loading