БЕЛАСИЦА НА МОГИЛА

Фудбал

Pobeda - Kit-Go Pehcevo

В недела (16 ч.) се игра 2 коло од Втората лига – Исток, каде Братство од Житоше ја пречекува струмичка Беласица, кандидат за првото место. Во средата, во 1 коло, Слога Виница – Братство (1:0), а Детонит Радовиш – Беласица (0:2). Со нетрпение се очекува да се види изданието на дебитантот во второлигашкиот ранг, како и квалитетот на ланскиот прволигаш. Мечот е на игралиштето кај Могилата. Во истиот термин, екипата на Победа ќе гостува на Кожуф во Гевгелија. Претходно, Победа – Кит-Го (2:1), а Локомотива Градско – Кожуф (0:2 ).

Според распоредот, Победа и Братство ќе се сретнат дури во 7 коло, на 16 октомври.

Loading