БЕГОТ ЦИЦИЈА И СИРОМАВИОТ АРГАТИН

Еден бег бил чорбаџија. Колку што бил чорбаџија, трипати повеќе бил циција. В чаршија цел ден не пазарел нишчо за јадење. На вечер си одел дома со празни раци. Од цицијлак да не поарчи пари, нишчо не купувал. Бил повеќе гладен отколку сит.

Едно сабајле отишол в рибарница. Пазарил една риба, али не му давала душата да ја купи за три гроша. Го фатило пладне, ручек, па и ужина, а бегот уште се пазарел за стопари. Рибарот не ја давал рибата за сто пари, а на бегот не му се давале три гроша. И слнцето зајде. Приквечер, еден аргатин идел од работа со мотиката на рамо. Ја видел рибата што ја пазарел бегот цел ден и ја бендисал.

-Колку пари таја риба?

-Три гроша – рекол рибарот.

Извадил три гроша и ја зел рибата.

Бегот  се чудел. Бег и чорбаџија, со којзнае колку пари и сермија, цел ден ја пазарел рибата и за 20 пари не се кандисувал со рибарот, а аргатинот, кој не знае дали му останал ошче некој грош за леб, едно видување, ја купил рибата.

Сиромашецот имаше женичка, дечиња три- четири. Кога го видоа татко си со риба в раце, опашки околу него, радости до тука бидува.

На бегот му се ареса ќефот во куќата на сиромајот и му влезе дома.

-Добро вечер, бре синко.

-Дал ти Бог добро, добро дојде.

-Добро најдоф.

Бегот седнал и му вели на домаќинот.

-Побратиме, да те питам, ама право да ми кажиш. Како живееш со сиромашчината? Сé е полно, се рамно. Весел и задоволен. Жена, деца токо скакајат околу тебе. Се гледа оти сте среќни и задоволни.

Сиромајот го почести бегот каве, ракија, што дал Господ и го задржал да касни од рибата што цел ден он не ја купил.

-Обичен аргатин сум. Ја земам на сабајле мотиката, копачката или лопатата, што време је и каква работа има, и одам на пазаришче. Ќе земам ѓундулук. Ако ме викни некој чорбаџија да му поработам, ќе земам 50 гроша, ќе купам за децата лебец и солца. Утре, дал Господ ќе си вечераме со децата и пак така, хвала Богу. Здрави сме, живи сме сиромашки. Не сме се прејале и препиле, али не сме останале ни гладни.

По вечерата со рибата бегот тргнал да си оди, а жената и домаќинот го запреле.

-Доцна е, кај те пушчаме сега да си одиш. Да не ти се стори нешто лошо, не дај Боже, да си ја земиме белата.

Бегот кандисал и останал. Не мжоел да заспие цела ноќ со мислата, како сиромајиот ич нишчо нема, ич гајле нема. Сабајлето станали Бегот и му вели:

-Побратиме, ме дочека и ме нагости, сега биди азар да одиме кај мене. Ќе пијеме еден кафе, една ракија, па оди по работа.

Сиромајот се витка оти ќе го загуби гундулуко. Не је он за беговска куќа. Како ќе оди искинат, извалкан, бос? Па жена му му рекла.

-Тој је бег, ако те задржи да го изгубиш ѓундулукот, може да ти го плати. Оди и види му  го домаќил’кот.

И, опацупа, кај бегот дома.

-Добре дојде

-Добро најдоф.

Дотрчаа измеќарите од бегот, дојде и анумата. Бегот раскажал кај бил ноќеска и како поминал кај сиромајо, што виде кај него и се што беше ПО ракијата го запреја на ручек. Сиромајот се топи, од срам, од страф. Не му се седи да не го загуби ѓундулукот, па да остани до вечер и без лебец за децата. Ручок дојде и помина, не го пушта бегот ништо живо. Најпосле се приближи вечер и се замрачи.

Бегот го викнал сиромајот.

-Еве едно бурило со пари. Оште една длан да се доп’лни. Го полниф, полниф, не втасав да го дополнам, а тебе алаф нека ти е сет и со здравје да ги јадеш. Јас од ниф не видоф никаков аир нити ми требајат. Земи ги и кркај ти со децата кога не умејам да ги јадам. Твој к’смет биле. Ја ќе ги земиш, ја чаре нема.

Го кренал буренцето и си го занесол дома. На жената и викна уште од вратата.

-Бакшиш, само Бог ваков бакшиш може да даде –  и ги покажал жолтиците.

Го скриле во визбата и сабајлето  пак отишол на работаа.

-Извади 50 гроша, купи што ќе купи за дома, децата да не умрат за леб, другите клавај ги во бурето. Бегот сака да го дополниме. Денеска така, утре така, жената му оголе, децата обосеја и огладнеја, а он клава ли, клава во бурето, ами пусто, не се доп’лнува никако.

Најпосле жената му се исправи:

-Дури бевме без буре пари живееме поарно. Децата ќе ни изумрат гладни, голи и боси, а ти го плниш пустото буре. Врати му го бегот, пусто нека му остани со се пари и сосем него. Да биле аирлија тие пари, не ги давал. Он ќе ги јадел.

Го  ставил бурето на рамо и му врлил на  бегот сред двор и му вели.:

-Не бил ни мој к’сметот. Како ми го даде, така ти го враќам.

Бегот не се ни опулил во парите и го свикал да пијат кафе.

Loading