АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кој разбира – знае! Кој не разбира никогаш ништо нема да знае!

x

Кога оние од дното ќе се вивнат во височина ќе го помрачат и Сонцето.

x

Во неправедно општество залудно е да се бара владеење на правото.

x

Не ги љуби парите! Нив секогаш можеш да ги позајмиш.

x

Водата е важна за сите, но ретко кој ја цени.

x

Пациентите не се клиенти.

x

Се колне во вистината, очекувајќи таа никогаш да не го стигне.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading