НАМЕСТО В САБОТА, СТАРТ НА 28 АВГУСТ

Фудбал

Ждрепката со распоред за Втората лига – Исток ќе биде в сабота, кога требаше да е стартот на првенството. Значи, има одлагање, така што 1 коло ќе биде дури на 28 август. Пролонгирањето официјално е објаснето со ,,технички причини,,, но низ кулоарите се зборува оти проблем била котизацијата од 8000 евра. Екипите, сепак, се подготвуваа како се да е в ред.  Победа одигра со: Братство Житоше (7:0), Беса (1:3), Тиквеш (0:0), Вардар (0:0), пак Вардар (1:1), Охрид (0:2) и Црно Буки (3:0).

Братство од Житоше со овие контроли: Победа (0:7), Воска (0:4), Кораби (3:3), Црно Буки (3:1) и Беса (1:5).

Loading