ГО ДРЖАМ ФРОНТОТ ЗА ГЛАВНИТЕ БОРБИ СО ВЕТЕРНИЦИ

238387511 584356706063171 4408254334723907101 nИгор Трпчески – актер

Станав актер не зашто сакав да бидам глумец или да станам популарен.

Игор Трпчески (1974) Прилеп. Дипломира актерска игра 1997 на ФДУ Скопје во класата на Владимир Милчин. Специјализира режија на НАТФИЗ Софија 2004 во класата на Крикор Азарјан. Вработен е во театарот ,,Војдан Чернодрински,, од 1998г. Одиграл преку 50 актерски улоги на матичната сцена и како гостин во МНТ Скопје, НТ Битола, НТ Куманово, НТ Ј.Х.К. – Џинот во Велес. Основач и претседател е на здружението Театарска Работилница Прилеп со која продуцира, режира и организира бројни, аматерски, детски, младински и алтернативни театарски претстави и работилници. Од 2011 го организира националниот Поетски Слем Македонија. Учествува на бројни културни и хуманитарни настани како, Сите на точак, Месец на здраво дете, 40 години Наша иднина, славење на Нова година и Прочка на плоштад и други.

236994675 594335938397233 6455931822466348988 n

Почетоците на професионалната кариера. Завршил средно фискултурно училиште. Наместо да го продолжи образованието во таа насока, заминал на ФДУ (Факултет за драмски уметности), отсек актерство. Што или кој кумуваше за ваква пресвртна одлука?

Судбината… Веројатно, но голема улога одигра и тетка ми Соње, која поправајќи му ги забите на Димитар Вандески – Ванде, разбрала дека театарот нуди стипендија и вработување за оној кој ќе се запише на академија. За мене беше доволно добар предизвик да ја пробам среќата и талентот. Отидов на приемен со намера да проверам дали може и да се занимавам со таа работа, а не зашто сум сакал да бидам глумец или да станам популарен.

Претпоставувам дека не се каеш?

Не се каам, покрај многуте перипетии низ кои сум минувал и како студент и како вработен актер, а подоцна и во независниот сектор. Верувам дека имам уште многу да дадам на полињата со кои сум се зафатил.

237037317 565812741260326 1620376637618713706 n

Што има ново во прилепскит театар? Се подготвува некоја интересна претстава?

Театарот после долга пауза се врати или се враќа во живот… Во релативно краток период имав две премиери и тоа независната и алтернативна комедија, дуодрамата ,,Мендо и Мајло,, од Мирјанка Ристеска Селчанец, која ја продуцирав и режирав. Веќе се закажани 4 гостувања со неа, во Пустец, на 10 дена Крушевска република, и на проектот ,,Цело е кога има 30,, за годишнината од независноста. Имав и една премиера со театарот. Драмата ,,Светулки,, од Тена Штивиќиќ во режија на Драгана Милошевска Попова која се надевам дека често ќе се игра и пред што побројна публика.

Во одредени претстави актерите се изложени на сериозен физички напор. Од нив се бараат, безмалку, акробатски вештини. Имам впечаток дека визуелниот ефект е предоминантен и го засенува психолошкото нијансирање на ликовите. Во кој правец оди театарот?

Кога се вработив во театарот 1998 г. бев најмладиот дипломиран актер кој се вработил последните 15 години. Имаше вкупно 9 актери, од кои само две жени. Тешко се водеше репертоарот заснован претежно на комедии. Од 6 премиери, 5 сигурно беа комедии и една битова драма. Но времето и со доаѓањето на голем број сега вработени актери и гости, репертоарот се промени, се збогати. Тоа е природно. Во поглед на забелешката, точна вие. Некои претставите се повеќе на физичка сила и колективна игра на штета на психолошкиот реализам. Тоа не е некаков тек, ниту пак избор на театарот, туку се случило да се прават повеќе таков вид на претстави. За волја на вистината последната премиера е баш спротивна на вашиот впечаток. Се надевам дека ќе се развиват различни и нови концепти кои ќе бидат секогаш актуелни и креативни. Би посакал малку повеќе Шекспир или стих и Чехов кој еве 20 години го чекам како Годо.

Со улогата на Итар Пејо во телевизиската серија на  Канал 5, се здобивте со голема популарност меѓу македонските гледачи. Знам дека популарноста годи, но дали ви пречи кога ќе ве сретнат на улица и ќе ви речат: – Еве го Итар Пејо?!

Не ми пречи. Напротив, убаво е луѓето да те препознаваат и со тоа да оддаваат почит за сработеното. Многу ми е жал за бројните театарски улоги, работени со многу љубов и жртва во театарот, а кои не биле и нема да бидат доволно видени од македонската и светската публиката.

Како работи театарската работилница и што планира да пласира како театарски или друг уметнички производ во најскоро време?

За годинава, освен премиерата на ,,Мендо и Мајло,, Театарска Работилница Прилеп ќе го одржи и традиционалниот 11-ти национален поетски слем – Македонија на 10. октомври.

239257197 1427367474315353 2442470821737446685 n

До каде се работите околу изградбата на новиот театар?

Се надевам дека работите се во тек. Би сакал да зависеа од мене за да можам што поскоро да ги завршам и конечно да стане реалност, фантазијата дека Прилеп повторно ќе добие театар со реноме и име, кое му доликува. Време докажа дека ниту одделно, ниту заедно функционираат подобро Центарот за култура и театарот.

До каде е иницијативата за осамостојување на театарот ,,Војдан Чернодрински,, и излегување од прегратките на Центарот за култура ,,Марко Цепенков,,? Важиш за бунтовник со причина, кој често умеел да го крене својот глас против одредени појави во македонскиот и прилепскиот театрски живот. Уште ли те држи тој бунтовен дух?

Се чувствувам, можеби за годините, помалку бунтовен и помалку бесен на она што ни се случува… Оти отрпнавме, што се вели… Ама уште го држам фронтот за главните борби со ветерници, со кои сум се зафатил, а тоа е одделувањето на театарот, поставувањето и почитувањето на скулптурите во градот, отварање на кино, создавање на репертоар во театарот и најголемата борба за здружување и поголема видливост и работа во аматеризмот и независниот сектор.

Голема љубов е и ,,слем,, поезијата. Што ја издвојува и ја прави поинаква и поатрактивна од другата поезија? На кои фестивали на слем поезија си учествувал? Кои се твоите искуства? Важиш за извонреден интерпретатор на современа поезија. Кој од македонските поети ти ,,лежи на срце,, и ти причинува задоволство да рецитираш негова поезија?

Ќе се отпечати и првата Антологија на слем поезија, на која ќе се најдат десетина автори на македонски и англиски јазик. Ништо не ја издвојува слем поезијата од било која друга поезија… Различно е што се изведува пред публика, која на лице место ја оценува изведбата. Така станува и интерактивна и ја покажува реакцијата, што прифаќа, што осудува. Тоа е важно што се случува на слем настаните како и сознанието дека секој кој има нешто да каже, може да го напише и да настапи на слем натпревар. Победниците на националниот слем учествуваат на европскиот слем натпревар. Сум бил на два, во Брисел 2018, и Марибор, кој се одржа целосно он лајн 2020. Лани имавме и вечер на слем поезија на Струшките вечери на поезијата. Ја сакам поезијата. Не можам да речам дека некој автор го сакам повеќе од некој друг… Забележувам дека има различни автори… Доволно е да ги разбирам, особено во моментот кога ги говорам јавно. А на срце ни лежи… Една лута змија…

Разговарал: Петар Петрески

Loading