АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Му го зароби срцето, а потоа се зацапа во длабокиот џеб на следниот.

x

Не се необични оние што умеат да ценат обични нешта.

x

Среќата за обичните луѓе е  во обичните, а за необичните ја нема ниту во необичните нешта.

x

Вчерашниот успешен ден ќе помогне таков да биде и денешниот, а овој таков да биде и утрешниот.

x

Кога обете страни чукаат празна слама никој ништо не добива, а најмалку – народот.

x

Тестот може да се положи и со доволен, но тоа не може да биде доволно за иднината.

x

Ако палиш оган мора да умееш и да го изгаснеш.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading