СРБИНКА ГО ЗАСИЛИ МЛАДОСТ 96

Пинг-понг

Клубот Младост 96, покрај машка, формира и женска пингпонгарска екипа. Во неа членки се прилепчанките Камелија Стојческа и Мила Гулеска, крушевчанката Васе Богоеска, Катарина Лаура Михајлов, како и Србинката Катарина Гвозденовиќ. Нејзиното доаѓање само по себе говори за амбицијата – освојување на титулата државен првак на Македонија. Потсетуваме: машката екипа на Младост е актуелен државен првак.

Тренинзите стартуваат наредната недела.

Loading