СОБИР НА 20 АВГУСТ

Кошарка

Екипата Мега баскет за 20 август го закажа почетокот на подготовките за Втората кошаркарска лига – Запад. Останува прашањето дали во следнава сезона ќе има подобри услови за работа, бидејќи во текот на претходното првенство играчите со тренерот Сашо Костоски се собирале од натпревар на натпревар, без ниеден тренинг. Сите мечеви во улога на домаќин ги одигра во салата на ОУ ,,Добре Јованоски,,.Сигурно како амбиција ќе се наметне пласман повисок од ланското 9 место на табелата. Но, бидејќи се работи за мошне млади кошаркари, најбитно е самото учество во првенствени мечеви.

Лигата ја сочинуваат ривали од Скопје, Тетово, Битола, Охрид, Неготино и Куманово.

Loading