„ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2021“

Клубот на литературни творци Прилеп утревечер ја организира манифестацијата ,,Поетко Маркукуле 2021,,, на која ќе настапат стотина поети од градот и од земјава. Манифестацијата почнува во 18 часот. Наместо кај Слонот, заради кризата со короната, ќе се одржи пред ЦК ,,Марко Цепенков,, под соодветни здравствени протоколи, со носење на маски и држење на растојание.

– Манифестацијата е значајна како за поетите од Прилеп, така и за сите кои творат и кои сакаат да ја престават својата поезија. Можност е да се престават и млади, надежни поети. ,Поетското Маркукуле,, е продолжение на заветот на покојниот музичар Љубен Димкароски, кој беше еден од иницијаторите за нејзиното основање. Секој учесник ќе ја прочита својата творба, не подолга од 24 стиха – вели Снежана Паноска, претседател на Клубот на литературни творци.

Заради ковид пандемијата, лани манифестацијата не се одржа.

Творбите ќе се испечатат во Зборник, кој ќе се подели на секој учесник наредната 2022 г.

На утрешниот настан ќе биде претставен и Зборникот Поетско Маркукуле 2019.

 Манифестацијата се одржува со поддршка на Општина Прилеп, НУЦК ,,Марко Цепенков,, ТВ Сонце, неделникот Зенит, Радио Холидеј…

Loading