КОНЗЕРВАЦИЈАТА НА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ОД 13 ВЕК

Во црквата Св. Никола во селото Манастир, Мариово

privrsuvaat godinasnite aktivnosti  za konzervacija na zivopisot vo crkvata Sv. Nikola vo Manastir  Mariovo

Екипи од Заводот и музеј привршуваат со конзервацијата и заштитата на вредниот живопис во црквата Св. Никола во селото Манастир, Мариово. Заштитните конзерваторски и реставраторски активности се во втората фаза од проектот за конзервација на храмот.

Според Благоја Атанасоски, директор на Заводот и музеј заштитата опфаќаше хемиско чистење, инјектирање и заштита на живописот. В година се планирани конзерваторски зафати за заокружување на заштитата на фрескоживописот на вредната црква живописана во 1271 година.

Министерството за култура оддели 250 илјади денари за заштита вредниот живопис. 

Во црквата насликани се значајни претстави – Житие од св. Никола, големите празници посветени на Исус и на Богородица, на пророците и на други светители.

Овој значаен споменик на културата од византискиот период е започнат да се гради во 1095 година, а црквата го добила денешниот изглед во 1266 година. Според архитектурата црквата Св. Никола, која е седиште на монахот Никола, е трикорабна базилика.

Од Заводот и Музеј велат дека е завршена конзервацијата и на живописот од 19 век во црквата Св. Илија во селото Мелница. Заштитетни се оштетените површини. Министерството оддели 200.000 денари.

Паралелно, екипи од Музејот го истражуваат локалитетот Врбјанска чука.

Loading