УНГАРСКИ ТАНЦИ ПРЕД „..ЦЕПЕНКОВ“

ungarcski koncert

Вечерва од 20 ч. пред платото на ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе се одржи концерт на унгарски танци, во рамките на меѓународната соработка на Центарот. Ќе настапат оркестарот Духај и фолклорната група Талентум

Оркестарот Духај е составен од талентирани музичари. Негува автентична фолк музика. Имал бројни концерти и учествувал на фестивали. Биле дел од танцови продукции.

Проектот финасиран од ЕУ е динамична соработка меѓу населението од Унгарија и Србија во пограничниот дел каде заедно живеа многу нации. Се пренесува културната разновидност во Европа, чувајќи ја традицијата и културата.

Концертот е веќе традиционален, Се организира во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија Теледом, Амбасадата на Унгарија и Националниот Совет на Унгарците.

Loading