ЈУНИОР ПОДОБАР ОД СЕНИОРИТЕ

Стрелаштво

Младиот, 18-годишен Мартин Ангелески е новата надеж на клубот Херој Прилеп во дисциплината воздушна пушка – Меѓународна програма. Бргу напредува. Со новата опрема исполни минимална олимписка норма, подобрувајќи го својот рекорд за 15 круга за само еден месец. Тоа се должи и на новата опрема, на поддршката од државата со стипендија. Се покажа и на Турнирот ,,Илинден,, во Охрид со погодени 410,8 круга за 1 место во конкуренција на стрелци од Македонија, Бугарија и Косово. Прв екипно е и клубот во кој беа уште третата кај младинките Ирина Јованоска со 405,3, како и шестата Магдалена Ристеска со 388,5.

Со нив работи тренерот Трајче Дамевски.

Loading