ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛОТ ВО ОКТОМВРИ

МТФ ,,Војдан Чернодрински,, по 55-ти пат ќе се одржи на почетокот на октомври. Ова го одлучи собранието. По една ипол година пауза ќе се крене театарската завеса и ансамблите на македонските театри ќе ја продолжат традицијата. Според организаторите, со претстава по свој избор ќе може да учествуваат сите професионални театри, членови на собранието.

-До 30 август театрите треба да го пријават учеството со наслов на претставата за фестивалот. Претстави од типот монодрама и дуодрама нема да се пријавуваат за учество во официјалната програма. Поради пандемијата и финансиите, придружната програма ќе биде сведена на минимум. Нема да се селектираат претстави од независната продукција, или ад хок групи, ниту за официјалната, ниту за придружната програма – велат од фестивалот.

Добитниците на наградата за животно дело ќе бидат познати во  септември, кога ќе биде објавена и официјалната програма за 55-тото издание на МТФ ,,Војдан Чернодрински,,.

Loading