ВТОРНИК Е ДЕНОТ ЗА СОБИР

Ракомет

Привршува одморот за суперлигашот Прилеп. Вторник е првиот собир за почеток на подготовките за идното првенство кои ќе траат околу 40 дена. Тренерот Горан Кузманоски ќе има засилена екипа со Србинот Жарко Барјактаревиќ десен бек (Јуниор КВ), и прилепчанецот Христијан Милошески, лев бек (Бутел). Продолжени се договорите со левиот бек Давор Шокоски, десното крило Реваз Чантурија – капитенот, левото крило Христи Бикоски и пикерот Александар Тренчевски.

Покрај тренинзитње, тактички и технички, планирани се и пријателски мечеви.

Loading