Време кога настанала епидемија од вошки која може да ги зафати сите луѓе, од најмала возраст па сé до длабока старост. Луѓето се во паника, што е и нормално поради страшниот јадеж во главата и нервозата. Некои случаи завршувале и со рани поради непрекинато чешање. Хигиенските услови влијаеле во размножувањето на паразитите. Ползејќи од глава на глава со блиски меѓусебни контакти, гнидите наидувале на плодна почва за множење и израснувале до вошки.
Немоќта да се најде спас и обидите да ги наведнат главите и требењето вошки не било голема помош. Затоа најефикасен куртул било бричењето на главата.
Но, лошата хигиена, неможноста за редовно капење и носењето иста облека со денови, па и недели, не е мит и историја ниту денес, бидејќи вошките ги зафаќа и најголемите хигиеничари. Новите откритија во медицината дејствуваат брзо и ефикасно. Разноразните шампони, прашаци, спрејови и метални чешли за вошки се од голема полза.