СТАНОЈКОВСКИ СИ ЗАМИНА

Пинг-понг

Промена во клубот Младост 96 – заминува 10-кратниот македонски шампион Кристијан Станојковски. Разделбата е пријателска, по освоената клупска титула – државен шампион. Причина била привлечната понуда од матичниот клуб Крива Паланка. И Крива Паланка станува кандидат за првото место во наредното првенство од Супер лигата.

– И Крива Паланка е конкурент, како и вицешампионот Младост, па и неколку други екипи. Ние секако сме меѓу фаворитите. Ќе ја браниме титулата и ги задржавме сите пингпонгари: Стефан Костадиновиќ, Петар Костовски, Раиф Рустемовски, Александар Рикалоски, Андреј Лашкоски, како и тренерот Гоце Тошески. Уште сме силен состав – вели Златко Рикалоски, член на УО на Младост 96.

Екипата Младост 96, покрај во Супер лигата, ќе учествува и на европската сцена.

Loading