РОМАНСКИ И ПОЛСКИ ШАМПИОНИ ВО ПРИЛЕП

Историја

На 14 и 18 февруари 1968 година во Прилеп за кусо време гостуваа два фудбалски гиганта – Стеауа и Легија, шампиони на Романија и Полска. На пријателски мечеви се сретнаа со Победа, тогашен југословенски второлигаш. Прилепчаните дадоа силен отпор. На првиот дуел, пред 6000 гледачи, по студено време, Романците победија со 1:0. Победа настапи со: Тренески, Точко, Рамаданов, Николиќ, Бошалевски, Крстески, Георгиев, Ангелески, Ниниќ, Ж. Ѓорѓиоски и Јакимоски, во второто полувреме и Јанкулоски, Клашев, Ц. Конески и Бадрлица. На вториот меч со Легија се повтори истиот резултат 1:0, сега за Полјаците пред 2000 гледачи. За Победа настапија истите играчи, а ново име било само Стекулац.

Стеауа стана европски шампион во 1986 година.

Loading