НАМЕРАК ЗЕМЕНИ

Маж и жена се зеле на мерак  во едно село Ногу се сакале. Да се увери колку го милуала жена му, мажо ја прашал:

-Дали жено ногу ме сакаш, вистински?

-Ау, шо дума е то?! Како не те сакам. Не можам да живеам ден без тебе!!!

На мажо, пуста јанѕа не му давала мир. Со магаренцето отишол в планина по дрва. Думал шо далавера да е напрај на жена си да види дали та кучка ја зборува вистината. Мислел, думал и смислил. Фатил една желка и í го пресекол врато. Се крвјосал и се изврзал на она место и со магаренцето под него, право дома. Ко го видела жената дека иди рано, па и без дрва и целио крвјосан, ногу се исплашила. Притрчала да му поможи да слези од магарето.

-Шо вака, домајчине? Шо ал те најде та си идиш ем во безвреме, ем без дрва, ем целио крвјосан?! Да не те искасаа некој ливој в планина?!

-Ногу поголема белја ме снајде. Не знам ни за кај сум, ни за со кого сум..!

-Кажуј, оту вака че свиснам од болка!!!

-Ја зедов палежната секира да насечам дрва и… наместо по дрвото, удрив по ,,алато,, и…

Го извадил врато од желката и и го покажал на жена му.

-Нема живот, шо маж че бидам без машкост?

Жената се ватила за гла и почнала да лелека по список!

Се потприбрала трошка, влегла в кујчи и тивко плачела. Мажот е ич не го пулела! Издржала месец-два. И кажала на мајка е. А, та, стара калакурда, рекла:

-Зете, твојот таксират да не го крка черка ми. Млада, уба, и í се сака… Ти, алипен не мојш да и го прајш редо… Најарно е да те остај и сам да си ја пулиш маката!

Речено-сторено! Бабата ватила арабаџија, ги торила чејзот од черка е и место да го натера арабаџијата да вози по пат, го натерала да оди преку нивјето и оградите:

-Терај волојте побрзо, фитфиделија да вајчаме. Никош појче нејчам да се врајчаме!!! Бескурешко еден!!!

И зето бил од ортома сметнат. Курнас! Ко позаминале жена му и баба му, свикал дури глас го држело:

– Жено, жено, во брзајнето ги заборај новите чевли – и í  ги покажал чевлите од  пенџере.

Жена му со трчаница се вратила по новите чевли, ама, тој, шереметко,  дур дошла, го надрвил алато и застанал среде соба.

Палената, ги ококорила двајсчетирите, небаре илјада фенери се запалиле, па свикала по мајка е дур грло ја држело:

– Мајко, мори, за малу че ме земеше на душа. Врајча ја колата. Немој низ нивје, нека оди одоколу… и то, колку поодоколу,толку поарно…!!!

Loading