МАНЕКЕНСКИ СТАС СО ГРАШОК

grasak

Моќна намирница и сојузник во правилната исхрана е грашокот. Нема многу калории, а содржи голема количина протеински влакна, кои помагаат за пад на апетитот и чувство на ситост.

Грашокот е зеленчук што помага за градба на мускулното ткиво и намалување на масното ткиво. Важна придобивка е тоа што го намалува нивото на хормонот кој го стимулира гладот. Грашокот споро се дигестира. Затоа долго време се чувствува ситост. Протеините ги хранат виталните органи и хормони. Со помала количина на протеини се намалува имунитетот. Дополнително, грашокот е полн со диетални влакна, кои го регулираат шеќерот во крвта. Влакната се корисни за лекувањето на чир на желудникот, проблеми со хемороиди. Го јакнат здравјето на срцето и крвните садови. Одличен е против проблеми со дигестијата, бидејќи влакната одржуваат здрави бактерии во цревата. Грашокот има и антиканцерогено дејство, поради високото ниво на антиоксиданси.

Грашокот спаѓа во фамилијата на мешункасти плодови како гравот и леќата и изобилува со протеини. Младиот грашок е нискокалоричен, збогатен со бета-каротин и витамини од кои А, Ц, Б1 и Б2. Содржи многу белковини за поттикнување на изградбата на мускулната маса. Само 100 гр. грашок го снабдуваат организмот со десет пати повеќе белковини, отколку една виршла со помфрит и парче торта со шлаг. Богат е со белковински материи за снижување на холестеролот. Со големото количество на магнезиум е антистрес храна.

Вкусен е за јадења како супа, па како додаток на месо, салати или варива. Некогаш бил храна на сиромашните, а денес е присутен во елитните ресторани.

Loading