КОНЦЕРТ НА ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ

Во рамките на годишната програма на ЦК ,,Марко Цепенков,, утревечер од 20.30 ч. концерт ќе има групата Чалгија Саунд Систем на летната сцена.

Чалгија саунд систем е формирана во 2008 година да го одржи чалгискиот израз, проучувајќи го богатото наследство од мелодии и форми. Составот  изведува музика доследно и верно на традицијата. Го негува музичкиот израз како основа за создавање на современи дела во духот на чалгиската традиција.

Loading