ИЗМИЈ, ИЗЛАДИ, ИСПЕЧИ И ИЗДВОИ

izmij

Она што треба да се обрне внимание на многу високи температури,  е високиот УВ индекс, за што обично се дава портокалово предупредување. При топлотни бранови се советуваат, особено хроничните пациенти, да не излегуваат надвор од 10 до 17 часот без итна потреба и редовно да ја земаат пропишаната терапија. Во градежништвото се препорачува да се внесуваат доволно течности, најдобро е обичната вода. Телото само најдобро си утврдува колку течност му е потребно.

Се препорачува храната да биде лесна сезонска полна со овошје и зеленчук. Лесни супи и чорби, салати од свеж зеленчук и овошје, пилешко и риба. Оние кои излегуваат, да носат светла и слоевита облека од природни материјали, да ја заштитат главата со капа и очила за сонце. Задолжително да се носи шише со вода. Изложените делови од телото, како лицето и рацете, да се мачкаат со крем за сончење кој содржи заштитен фактор.

При големи горештини да се избегнуваат алкохолни пијалаци и прекумерно внесување на кофеин и шеќер. Храната да се јаде во помали оброци и почесто. Туширањето треба да биде со разладена вода. Посебно внимание да се посвети на расипливата храна од протеинско потекло, месо, јајца, риба, млеко и млечни производи. Покрај правилното складирање на храната, термичката обработка и темелното миење на овошјето и зеленчукот, се заштита од труење со храна. Нужно е често миење на рацете и одржување на соодветна хигиена садовите и приборот.

Микроорганизмите во храната брзо се размножуваат на температури меѓу 5 и 60 степени. Важно е да се загрее храната побрзо на температура повисока од 60 или да се излади на температура пониска од 5 степени. Или ,,4И,, – измиј, излади, испечи и издвои – за намалување на ризиците по здравјето.

Loading