„СВЕТУЛКИ“ ЗА ПРОМЕНА НА СВЕТОГЛЕДОТ

Премиера

,,Светулки,, во режија на Драгана М. Попова е премиерната претстава што идната недела ќе ја изведе ансамблот на театарот. Во текстот станува збор за третманот на актуелните прашања поврзани со индивидуалната потрага на животниот на хрватската авторка Тена Штивичиќ.

– Поставувањето е предизвик за секоја театарска продукција – вели режисерката Попова, која првпат соработува со нашиот театар.

Протагонистите се заглавени на аеродром, на половинапат до конечната дестинација. Не можат да продолжат поради неочекувано невреме. Заглавени во транзит зоната, ги преиспитуваат животите, желбите, копнежите, минатото, но дел од животните фрагменти што тежнеат да ги заборават. Тие прават силни одлуки да го променат животот и целиот светоглед – вели Попова.

Тена Штивичиќ е една од најпоставуваните хрватски авторки. Со ненаметливиот стил искрено го доловува животот во 21 век преку призмата на различни секојдневни ликови од неколку различни генерации и социјални профили. Ликовите í се луѓе кои ги среќаваме насекаде, со кои се разминуваме, со кои разменуваме мислења, со кои се дружиме, со кои го поминуваме нашето време… Сите тие кои мунуваат низ различни аеродроми а да ја најдат својата конечна дестинација која ќе ги направи среќни.

Во претставата игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Драматурзи се Ивана Нелковска и Лидија Митоска Ѓоргиовска, сценограф е Валентин Светозарев, а костимите се на Розе Трајчевска.

Loading