ПРИЛЕП ГИ ЗАДРЖУВА КВАЛИТЕТНИТЕ ПРВОТИМЦИ

Ракомет

Успешна сезона имаше РК Прилеп со остварување на целта – опстанокот во Супер лигата, па оттука очекувана е заложбата да се задржат сите заслужни првотимци. Продолжени се договорите со левиот бек Давор Шокоски, со десното крило Реваз Чантурија – капитенот, левото крило Христи Бикоски. Последен што се обврза на едногодишна соработка со клубот е пикерот Александар Тренчевски.

– Еден од најзаслужните што Прилеп и наредната сезона ќе игра во суперлигашкото друштво. Беше незаменлив  во тимот на тренерот Горан Кузманоски. Во напад водеше битка со противничките одбранбени играчи, а во одбраната заедно со Гавашелишвили и Андоновски претставуваа бедем пред голот на одличниот Цинцадзе – образложија од РК Прилеп.

 Клубот има и нов член – левиот бек Христијан Милошески, прилепчанец од Бутел. Планирано е уште едно засилување – десен бек. Досега заминаа само двајца – средните бекови Ивица Дукоски и Златко Везенкоски. Одморот за ракометарите е до 27 јули.

Loading