ИГОР ТРПЧЕСКИ НА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМАТА ВО БИТОЛА

trpce

Театарска работилница Прилеп третпат учествува на интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола со монодрамата “Лидија, или се што знам за жените” од Тихомир Јанчовски во режија и изведба на Игор Трпчески. Настапот е утревечер од 20 ч. на сцена бифе театар.

Претставата е адаптација на истоимениот поетски роман во кој се опишува љубовната приказна и комуникација меѓу авторот и Лидија, битолчанката која е инспирација за создавање на делото.

Музиката е на Тони Миќевиќ, а за сцената и костимте се погрижи Бојана Артиновска Трпческа, за тон и светло Томе Темелкоски.

Loading