АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Оној што седи на две столчиња, сонува и за трето.

x

Кога ве креваат во височина внимавајте да не ви ги украдат падобраните.

x

Не мора да бидеш совршен, но никако немој да станеш безвреден.

x

Чудата не се спротивставени  на природата, туку тоа се оние кои неа не ја разбираат.

x

Туѓи идеи краде оној кој нема свои.

x

Вистината мора да се каже во вистинско време.

x

Не почитува ниту еден закон, ама сите предлага да се сменат.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading