ЗДРАВЕСКИ – ВИЦЕШАМПИОН

Стрелаштво

Во Охрид се одржа Државно првенство во стрелаштво со воздушна пушка за лица со инвалидитет, а штом во прашање е овој спорт, прилепчаните и нивните успеси се неизбежни. Во групата на стрелци во седечка и стоечка положба, во конкуренција на 12 најдобри од целата држава, одлични беа Стеван Ангелески и Ѓорѓи Здравески од Здружението на лица со телесен инвалидитет ,,Мобилност,, . Ангелески беше во горниот дел од табелата, а на Здравески му успеа да се искачи на второто место, за освојување на сребрениот медал, преку погодени 319 круга. Тој ја збогати својата колекција на медали, во која недостасува само уште златото.

Заслужен за успесите е и тренерот Славчо Трајкоски.

Loading