БУЛЕВАРОТ КАКО НЕКОГАШНО КОРЗО

Bulevarot Marsal Tito

Се раширил како ага булеверот со гранитна коцка да гази коњот и колата од Инзап, пиврницата, ѓубрепараси и погребната кочија, да се возата велосипеди, па и ретките фиќа. Покрај него жива ограда го одделува тротоарот од улицата. А меѓу двата реда раззеленета ограда, се извишиле и крошнесто се раскомотиле липите кои изгледаат прекрасно во урбаниот амбиент. Ова е поранешното старо корзо каде се случиле многу искрени и чисти љубови. Место, каде секое друштво младите имало свое собиралиште, свое стебло, каде се “корзирало и стационирало”.

На сликава се зградите кои и денес виреат на тоа тло, а ѕирка и деветкатницата – ретка убавница за тоа време.

Сé на сé, интересни времиња кои бидат емоции кај постарите.

Loading