АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Со молк не се брани ништо, а најмалку  ИМЕТО.

x

Од ефтини луѓе не може да се очекуваат скапоцени работи.

x

Плеќите најдобро го оценуваат товарот.

x

Најмалку важното треба веднаш да се одработи.

x

За нацијата народот е гаранција.

x

Протагонистите за он-лајн дејствување  ја вклучија и љубовта.

x

Џамбазите наместо со коњи започнаа да се занимаваат со народот.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading