-Кај си мори!
-Тука сум, кај че ом.
-Те нем појче време, да не си лидната некаде.
-Не, за кај сум на овие години.
-За секаде, шо те гледам чудна? Шо ти фали, ко кокорочка си.
-Така ти се чини. Душичкава ми знај.
-Ко шо те гледам, ти треба Цвета да се викаш, а не Трпана.
-Остај ме, не ме јадосувај. И така притисоко ми е кренат до небо. Колкојве, врта ли врта, ко сврдле да има внатре.
-Ај, ко само ти да си со притисок. За колкојте, лесна песна. Масажа и толку. Само да го погодиш масеро.
-Ме врта коските, не месото. Уште на мојон да му речам дека ми треба масажа, че треба да се шминкам после?
-Ако нејчи тој, барај друг со плајчајне на рати!
– И наочари за сонце треба да носам.
-Здрава си или забегуваш по малце. Кај ме најде?
-Ниедн немаше. Само комшивкана со песо.
-Шо неи попрај со незе муабет. Че ти поминеше јадежо.
-Не ми оди со незе муабето. А и го метеше дворо.
-Кога метела таа двор?
-Чудо! Ај шо метеше, ама и пееше.
-Не ти верувам.
-Сакаш верувај, сакаш не. И песничка за мерак тераше. И ѕунеше гласо. Не ми текнува која беше. Нешто за пиле, како славеј да запеал, не беше чавка…
-Мори, чавка ти го зела умо!
-Чавка, чавка, ко нема славеј.
-Шо си запнала ти славеј, та славеј. Ене јас имам славеј дома. Шо фајде? Се заклети, никако да запеј.
-Тој не мора да пеј. Ти да пејш, ко комшивкана!
-Подпевнувам,ама како беше она, лани еднаш годинава поретко.
-А да му ги мениш нотите. Можи до нив е?
-Ти, како си со пеењето.
-Остај ме, че прајме муабет, само да го средам притисоко.
-И илач за колкојте не заборавај.
-Че се снајдам! Шо ме мислиш, шантаклер?
-Мулен Руж!