СТАНОЈКОВСКИ ШАМПИОН, ЈОЧКОСКИ ВТОР

Пинг-понг

Државното поединечно првенство во Скопје го донесе шамионот на Македонија. Тоа е досегашниот, 26-годишниот кривопаланчанец Кристијан Станојковски (Младост 96). Во финалето со 4:2 го совлада 45 годишниот  прилепчанец Ѓоко Јочкоски (Младост). Помладиот потврди дека е фаворит број 1, а постариот дека е далеку од крај на кариерата. Претходно во полуфиналето, Станојковски беше подобар од штипјанецот Петар Костовски (Младост 96), а Јочкоски од штипјанецот Дамјан Стојчев (Шампиони ФА).

Учествуваа најдобрите 64 пингпонгари од државата.

Нови предизвици се мечевите викендов, од полуфиналето на плеј-офот од Супер лигата. Во Скопје се среќаваат: Младост 96 – Телеком 2, Младост – Шампиони ФА. Прилепските екипи, поради позитивниот биланс, водат од по 1:0 и се на добар пат да се сретнат во финалето на 5 и 6 јуни.

Loading