ПРОСТОР ЗА ИНВЕНТИВНОСТ НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ВО ДОПОЛНИТЕЛНИ КВАЛИТЕТНИ УСЛУГИ

saso-veleski-sdsm-prilepСашо Велески, директор на ЈКП Комуналец

– Ќе формираме и таканаречен дог-парк, или парк каде во заграден и уреден простор граѓаните ќе се дружат со своите миленичиња

– Ќе бидеме поупорни од негативните навики на прилепчани

Обично новите директори се прашуваат што затекнале од претходникот. Овојпат тргнуваме обратно. Какви се перспективите на Комуналец со оглед на повеќето разновидни дејности некои далеку од суштинските?

Наместо е забелешката дека ЈКП Комуналец, Прилеп е задолжен да нуди и реализира повеќе видови комунални услуги кон граѓаните. Дел од овие проширени дејности не иницираат зголемени позитивни финансиски импликации кон финансиската стабилност на ЈКП. Напротив, ја оптоваруваат расходната страна со големи трошоци кои пак со одговорно и домаќинско работење успеваме да ги сервисираме, со цел да не опадне квалитетот на услугите. За поздравување е и соработката со локалната самоуправа и градоначалникот за реализација на проекти и задачи кои само делумно се дел од оперативната програма за 2021 година на ЈКП.

Какви се шансите за дезинтеграција и ослободување на дел од овие дејности со кои претпријатието нема никаква заедничка поврзаност?

Голем број ЈКП во Северна Македонија со одлуки на основачите имаат дислоцирано многу од своите дејности кон новоосновани ЈКП и кон приватни деловни субјекти. Ретки се ЈКП кои во својот состав имаат, од шинтерска служба до јавни царински терминали, преку одржување на градски фудбалски стадион. Се надевам дека и нашата локална самоуправа и државата ќе согледаат дека вака оптоварените ЈКП работат на работ на ликвидноста и со нарушен развоен потенцијал во иднина. Во Владата веќе на големо се работи на нови законски решенија за олеснување на јавното приватно партнерство (ЈПП) со сериозни приватни капацитети за подобрување на јавните услуги кон граѓаните. Новина би било и прифаќањето на ЈКП како јавен партнер во партнерските односи со приватни оператори.

186923582 2893462980908809 7404446248461840235 n

Можно ли е воспоставување на јавно приватно партнерство за рационализација и зголемена ефиканост, а со тоа рентабилност и економичност?

Тоа е иднината во комуналната свера. Силни и финансиски здрави ЈКП со континуиран одржлив развој на техничко технолошките потенцијали кои извршуваат оперативна програма, исклучително спрема дејноста на регистрација: јавна хигиена на јавно прометни површини, чисти улици, зелени површини, редовно подигање, селектирање и рециклирање на органски и друг вид неопасен отпад, современи санитарни депонии… Паралелно, ќе се отвори простор за инвентивноста на приватниот сектор во дополнителни квалитетни услуги кои само ќе ја зголемат и економската потентност на Општина така што се регистрирани, нови, продуктивни вработувања и пред сé доаѓање до целта: квалитетно живеење на граѓаните без прескапи комунални давачки.

Што се случува со депонијата Алинци. Имаше идеја за производство на компост од ѓубрето, се набави дел од техниката, почна градба на објект…?

За жал, тоа остана само како инвестиција во тек, како што ја класифицираат надлежните финасиски ревизии, која според мене нема да доживее финализација, барем не, во ваков обем и првична идеја. Се работи за проект, кој, наспроти можеби добрата првична идеа, заврши со лоша и неодговорна реализација. Негативните финансиски импликации кон ЈКП се друга тема за дискусија. Сега технологијата во таа свера е далеку надмината, сепак се трудиме во проекциите за во иднина да искористиме барем некој процент од тоа. Можеби само темелите и конструкцијата на халата која е започната во Алинци и мал дел од веќе руинираната опрема, која претходни структури во ЈКП ја оставиле безмилосно да се распаѓа на отворено. За жал, скапа инвестиција далеку од реализација.

Може ли претпријатието да ,,печали,, со  продажба на дел од отпадот?

ЈКП може да се гордее со фактот дека е лидер во Северна Македонија во собран, селектиран, рециклиран и продаден отпад. Далеку сме пред другите градови во примарна селекција, секундарна селекција и рециклирање на собраниот комунален отпад од граѓаните. Наспроти негативниот претходен пример, проектот реализиран со помош на проектот БИО РЕАЛ, овозможи да го добиеме тој епитет, за Општина која најповеќе селектира и рециклира хартија, најлон, ПЕТ амбалажа и друга т.н. ,,техничка пластика,,. Со овој проект преку меѓугранична соработка и ЕУ фондови, Општината доби и дадена користење на ЈКП и ново возило собирач на смет, кое е добредојдено за делумна модернизација на застарениот возен парк. За голема ,,печалба,, за ЈКП сепак не можеме да говориме, но сепак важно е да се потенцира дека ,,печалат,, граѓаните преку здобиената навика, воспоставена традиција, зголемената еколошка свест и грижа за заштита на животната средина. Тие се првата алка во примарната селекција на отпадот со користењето на над 25.000 садови зашто ЈКП уште поодамна им ги подели. Тоа е најголемата придобивка. Сепак, и ЈКП има одредени финансиски бенефити од оваа дејност и ќе се трудиме да го задржиме првото место и што помалку ваков отпад да одлагаме и да го зголемуваме волуменот на санитарната депонија Алинци.

182910912 2885656951689412 6228002341401311969 n

Како да се забрза и модернизира кревањето на ѓубрето. Можат ли граѓаните да помогнат со покултурното однесување. Потребни ли се кампањи за подигање на свеста за одлагање на ѓубрето во контејнери канти и големи садови за кабаст смет и за остатоци од ситни градежни интервенции?

Од аспект на модернизација на подигањето на смет може да се разговара само во делокругот за модернизација на возниот парк кој во нашето ЈКП е стварно застарен. Големи финансиски средства се одлеваат за одржување и редовно сервисирање. Инаку, според оперативната програма нема ден во неделата возилата и нашите вредни работници да не се натерени да се ,,борат,, со дел од несовесните граѓани. Многу честа е глетката на празни контениери и смет секаде наоколу, ќеси, вреќи со градежен отпад, мебел, постели и што уште не. Се трудиме да ги информираме граѓаните да не создаваат диви депонии и да се однесуваат поодговорно преку медиуми, флаери, социјални мрежи, преку нашата ВЕБ страница њњњ.комуналецприлеп.цом.мк, преку редовни одговарања на телефонски повици и директни средби. Сепак, очигледно не е доволно. Треба уште многу упорност и едукација. Од голема помош би ни биле и воспитните институции со нивни инцицијативи за вградување на еколошката свест и одговорност на најмладите. Долгорочно, да ја стигнеме Европа во тој аспект треба што поскоро и поинтензивно да работиме со генерациите што доаѓаат. За со постарите , редовно ќе се справуваме на дневна основа и ќе бидеме поупорни и повредни наспорти нивните навики и свест.

Како се одржува градската хигиена. Како сé да е ориентирано на обична работна рака. Постојат ли некои посовремени начини кои можат делумно да се применат и кај нас?

Секако дека има. Но, моментната финансиска моќ на ЈКП е ограничена. Од 2009 година цената на комуналните услуги во Прилеп е непроменета. А, последниов период само за законското усогласување за минимална плата условува покачување на услугите за 15-20 отсто. А каде се зголемените други трошоци, за гориво, енергија, резервни делови… Но што е, тука е. Со Општината, и во вакви услови, ќе се трудиме да одржуваме уште повисоко ниво на квалитет на услугите. Всушност, тоа го заслужуваат. Во следниот период им ветуваме дека ќе се избориме наместо метлите да дигаат прав, да имаме современи т.н. метларки по нашите улици. Сепак, до ден денес се премногу скапи за нас. За поздравување е донацијата на Прилепската пиварница на една таква машина до ЈКП. Сепак се работи за една и тешко се среќава низ јавните површини.

Озеленувањето на градот и одржувањето на градските парковите, освен во центарот како да е тешкотија?

Тоа е една од редовните наши задачи и максимално се работи на тоа поле со преземање на капитални зафати. Ќе се согласиме сите дека централното градско подрачје е едно од најубавите и урбанистички, хортикултурно најсредените во државата. Со завршувањето на Булеварот ,,Гоце Делчев,, добивме објект со кој со право треба да бидеме горди. Сепак, ние и граѓаните треба да го чуваме и одржуваме. Што се однесува до околните средини, информирам дека во завршна фаза е комплетната реконструкција на паркот, попознат кај нас како Врбеско маало, а веднаш потоа продолжуваме со оформување на голема парковска површина и во Точила, непосредно до црквата Св. Петка. Малите паркови низ градот и детските игралишта ќе ги обновиме и заградиме со панелни 3Д жичани огради, а непосредно до фудбалскиот стадион со вештачка трева во старата зоолошка градина, ќе формираме и таканаречен дог-парк, или парк каде во заграден и уреден простор граѓаните ќе се дружат со своите миленичиња. Истотака, во соработка со локалната самоуправа и месните заедници продолжуваме да формираме зелени појаси, со што ќе урбанизираме повеќе површини. Грижата за Паркот на револуцијата со сите содржини, ќе има приоритет. Тука сме во план за реализација и на донација на една од нашите најугледни фирми за дополнително зазеленување на тој простор. Работиме на многу полиња, резултатите ќе се видат, бидете уверени дека не сме присутни само во центарот на Прилеп.

183641748 2885657021689405 3183833180113918966 n

Во овој контекст одржувањето на коритото на градската река и шансите за чистење и на големото и на минор коритото?

Во оваа фаза ЈКП се грижи само за косење и хигиена на главното корито. Перманентно се коси тревата во овој буен вегетациски период. Има несовесни граѓани кои уште фрлаат смет во коритото, но се справуваме. Ќе бидеме поупорни. Критичен е и каналот на Дабничка река, од касарната до вливот со реката. Од Тризла неконтролирано се пушта смет кој останува во каналот или продолжува по текот. Деновиве ќе почнеме директно чистење на каналот рачно, во самото корито. Ќе бидеме поупорни од негативните навики на прилепчани. Резултатите ќе се видат. Искршените и уништени садници на украсни дрва по кејот на каналот ќе ги обновиме. На мостот кај касарната ќе поставиме и заштитини мрежи за да се спречи ново ѓубре по реката. Се надевам дека локалните граѓани ќе ја остават мрежата да профункционира. Или, пак ќе ставиме нова.

Одржување и хортикултурата на старите и на новите градски гробишта?

Одржувањето и на овие локации бара многу труд и упорност. Во многу градови, градските гробишта се одделуваат од ЈКП со цел формирање на нови ЈКП со исклучителна дејост. Но, дури да дојдеме до тоа ниво правиме максимални напори да ги одржуваме на оптимално ниво. Се косат и се чистат редовно, сметот се депонира, се поставија нови чешми и корита. Сепак, тоа е основно и треба уште многу работа и новини во уредувањето и, пред сé, управувањето со вакви специфични градски локации со многу важна емоционална вредност за граѓаните. Се спремаат нови правилници за ред, работно време и обезбедување на мир, на нови услови за работа на погребалните оператори и каменорезачи. Мора да се стави ред, што ќе придонесе и на изгледот и хигиената на тие локации. Не може повеќе да прави секој што сака на штета на зеленилото, хигиената и редот. Се привршува и капелата на старите градски гробишта, така што и таму ќе се средува целата локација. Сепак, и овде треба соработка со граѓаните и овие средини да бидат пристојни и достоинствени.

187516827 2893464204242020 695216543184843961 n

Цени. Колку со постојните цени може да се одржи градот чист, што се случува со рационалното користење на вработените. Има ли вишок на вработени или со несоодветни квалификакции?

Напоменав дека постојните цени ниту оддалеку не овозможуваат резултати кои граѓаните ги очекуваат. Сепак основачот на ЈКП е тој што одлучува за цени и се надевам дека по ова прашање во нареден период ќе се посвети повеќе внимание во Советот и советниците со консензус ќе решаваат за ова проблематика, за која прашувате. ЈКП со ваков зголемен обем на работа има проблем со мал број на работници и, за жал, во овој период на пандемија, имавме и константен број на отсутни работници, кои на момент доаѓавме до 50 отсутни на ден. Сепак се носиме со проблемот и со тие наши кои во моментов се во ЈКП. Атрактивноста за вработување на нови работници е ниска, знаејќи дека многу се работи, а примањата не се стимулативни за нови, млади кои можат многу повеќе да бидат продуктивни во работата.

Колку локалната самоуправа помага и како да се повлечат државни пари за поголеми проекти?

Со локалната самоуправа и градоначалникот имаме голема соработка и разбирање за објективните проблеми со кои се среќаваме. Општината, аплицирајќи успешно во многу проекти успеа да обезбеди три нови наменски возила и ги даде на користење на нашето ЈКП, а сега се работи на проекти со кои добиваме едно возило за смет и се надевам на уште една нова цистерна за вода, со што многу ќе ни се забрза реализацијата на нашата оперативна програма.  Редовно се одѕиваме на сите повици и барања на сите институции во градот за асистенција и помош при разрешување на нивните тековни барања, иако многумина велат дека не е работа на ЈКП Комуналец. Од помош при стартот на модуларната Ковид болница, пунктот за вакцинација, во повеќе училишта, градинки, до уредување на дворни површини во институции….

Loading