ИМА РАЗГОВОРИ СО ИГРАЧИ

Фудбал

По изборениот опстанок во Втората лига – Исток, Победа е свртена кон наредната сезона. Според реномето на клубот, се очекува да бидат и амбициите. Доста беа потпросечните изданија последниве две-три години. Доста е борбата за опстанок. Конечно треба да се мисли на висок пласман. Затоа клубот се организира со барања на финансии за доведување на нови фудбалери по мерка на Стручниот штаб, предводен од Дарко Крстески. Се разговара со потенцијални засилувања. Во зависност од новодојдените, ќе се изготви список за ослободување на дел од играчите.

Преодниот рок е од 15 јуни до 6 септември.

Loading