ФОТОГРАФИИ „ДИЕГО И ФРИДА, НАСМЕВКА НА ПОЛОВИНА ПАТ“

Изложба

f

 

Во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,, е отворена изложбата ,,Диего и Фрида, насмевка на половина пат,,. Поставката содржи 95 црно бели фотографии и артефакти преку кои се прикажува универзумот на Диего Ривера и Фрида Кало, уметници, кои се еден од најконтроверзните двојки во нивната љубов, а чие влијание ги надминало светските граници. Сликите ги откриваат не само страста на двојката, туку и заедничкиот  ангажан во политичките збиднувања во време во кое живеле, а кои ги овековечиле фотографите Питер Џулс, Гилјермо Самора, Николас Мареј, Едвард Вестон, Мануел Алварес Брава, Гилјермо Кала и Хуан Гусман.

Фотографите се од различните етапи од животот на двојката, од љубовта и смртта, од венчавањето во 1929 година до 1954 г. и смртта на Кало. Се отсликува бесконечното согласување и несогласување во првата половина на 20 век во Мексико. Ривера е еден од најзначајните уметници, претставници на мексиканскиот мурализам, а Кало е позната како творец на автобиографски слики под влијание на народната мексичка и староседелска уметност.

Екслузивната изложба предизвика интерес на Балканот. Во прилепе е донесена благодарение на соработката на ЦК ,,Марко Цепенков,, со Амбасадата на Мексико во Србија.

Loading