ЕМ МИРИС, ЕМ ЛЕК Е РОЗАТА

rozaРедовното вдишување на мирисот на розата влијае позитивно, доведувајќи ги хормоните до интензивен раст. Од сите цвеќиња, розата особено облагородува не само заради тоа што е убава и со пријатен мирис, туку е корисна во здравствена смисла. Редовно вдишување на мирисот на розата позитивно влијае врз женските хормони. Чајот од роза ослободува од депресивно расположение и дава духовна сила. Мирисот од дива роза, го прави човекот јак со силна одбранбена моќ. За подобро расположение потребна е бања со рози. Се приготвува со рака свежи или суви цветови од роза во најлон чорап потурени со врела вода која тече во кадата. Во бањата се ужива околу 25 минути, длабоко вдишувајќи го мирисот. После тоа нужен е одмор в кревет од еден час. Капењето е идеално и за нега на кожата.

Loading