ТЕНКИ СО ПУКАНКИ БЕЗ СОЛ И ШЕЌЕР

pukanka

Дали може без грижа да се ужива во јадење пуканки. Пуканките секонзумираат против дебелеење. Тие се дополнителен извор на влакна, кој недостасува во исхраната. Просечниот човек дневно внесува помеѓу 10 и 15 грама влакна, што претставува околу половина од потребната дневна доза.

Со консумирање само  на 100 грама пуканки дневно, овој недостаток може да се компензира. Добрата страна е и ниското ниво на шеќер, натриум и холестерол, односно заситени масти. Загревањето на пченката го зголемува целокупното антиоксидантно дејство.

Сепак, индустриски обработените пуканки често се обложени со разни додатоци на делумно хидрогенизирани растителни масла, вештачки ароми, засилувачи на вкус и висок процент на сол, која никако не е во корист на здравјето и спречување на вишокот тежина. Бидејќи пуканките се добиваат од зрна од пченка, при приготвувањето не се губи од хранливата вредност. Препорачливо е да се внесуваат 20 до 35 грама растителни влакна дневно, а 100 грама пуканки содржат 15 грама растителни влакна. Нема дебелеење ако се подготвуваат без масло или со минимално количество, како и без сол. Незачинети имаат многу ниска калорична вредност. Калоричноста зависи од начинот на подготовката. Во порција пуканки приготвени во маслиново масло има околу 90 калории. На други начини може да содржат и 300 калории.

Поради отсуството на шеќер, идеални се како грицки и замена за кекси, чоколади и останатите слатки. Моментно го покачуваат нивото на енергија, но брзо го спуштаат. Треба да се избегнуваат ако накратко се ,,залажува,, желудникот.

Loading