ПРИЛЕП ИМА ДВЕ ГОСТУВАЊА

Ракомет

Кога е најпотребно екипата Прилеп игра најдобро. На последниот меч дома со 31:28 го совлада скопски Работнички. Најмногу голови – 10, и овојпат даде Грузиецот Реваз Чантурија. Следат две гостувања: в четврток на Радовиш, три дена подоцна на КВ Јуниор во Скопје. Борбата е за првото и второто место кои директно обезбедуваат опстанок, како и за третото кое води во бараж. На табелата Тиквеш има 21, Прилеп 18, Радовиш и Голден арт КЛ7 по 15.

Женскиот тим Деспина дома со 24:21 го победи скопски Кузман Вардар, потоа со 31:20 загуби од Металург во Скопје. На ред е мечот в четврток, дома, со лидерот Куманово.

Loading