ПОСЛЕДЕН МЕЧ НА МОГИЛА

Фудбал – Победа

В сабота (16 ч.) се игра последното коло од Втората лига – Исток. Екипата Победа го пречекува гевгелиски Кожуф на теренот кај Могилата.Извесно е дека ова ќе биде последен, проштален меч со овој терен, бидејќи стартот на идното првенство ќе биде на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,,. Ако прилепскиот тим победи, има шанса да го заврши првенството со 29 бода, колку што би имало и Осогово, ако загуби во Радовиш. Претходно Победа дома со 3:1 го совлада Росоман, а со 1:0 Осогово во Кочани.

Табела: Брегалница 70, Тиквеш 61, Кит-Го 42, Кожуф 35, Слога 33, Саса 32, Осогово 29, Победа 26, Плачковица 18, Росоман 9.

Loading