ПАУЗАТА ПРИВРШУВА?

Фудбал – Трета

Последните мечеви од Третата лига – Југ беа на 18 април, а потоа настана пауза поради построгите протоколи. Сега може да се очекува продолжување на првенството. Остануваат уште 7 кола. Во наредното коло водечката Локомотива во Градско игра со Илинден. Второпласираното Братство од Лажани треба да се сретне со Младост во Удово. Третопласираното Ново Црнилиште му гостува на Динамо од Мажучиште.

На табелата Локомотива има 51 бод, Братство 46, Ново Црнилиште 43.

Loading