ЈУГОСЛОВЕНСКИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ВО ПРИЛЕП

Историја

Во седумдесеттите години прилепската одбојка беше на висока цена. Зато неслучајно Одбојкарскиот сојуз на Југославија одлучи од 6 до 12 јули 1977 година во Прилеп да се подготвуваат две јуниорски одбојкарски репрезентации на Југославија – женската и машката. На располагање им беше Универзалната сала. Покрај тренинзи, се одигра и пријателски меч. Пред 1500 гледачи се сретнаа Јуниорската машка репрезентација против домашниот 11 Октомври, член на Втората југословенска лига. Младите победија со 3:0.

Репрезентациите продолжија кон Солун, каде ги очекуваше Балканскиот шампионат.

Loading