ФИЌОТО – АВТОМОБИЛ ЗА СÉ

Univerzalni Fiko

Пред повина век било привилегија да се поседува возило. Изборот се сведувал на автомобилите од фабриката Застава – Фиќо или Илјадаитриста. Ретко се најдувало нешто друго. Најзастапено и најевтино било Фиќото. Моторот бил назад, резервоарот напред, резервна гума, мал простор за багаж, небаре модерно магаре на четири тркала. Внатре одвај место за четворица да се стегнати како сардини во конзерва. Инструмент таблата и копчињата ги задоволувала условите за сообраќај. Се купувале надворешни ретровизори. Немало фабрички. Возилото било “измислено” за полагање на возачки испит.

Фиќото “носеше” до Охрид, Скопје, до Претор. Похрабрите патуваа до Грција и Бугарија. Оптимистите до Белград и подалеку. Фиќото беше арно и за  на тутун. Тргаше приколка со два – три коша со тутун.          

Loading