АНГЕЛСКА БИЛКА

bilkaВо народната медицина ова растение се смета за лек за сé. Ангелика се користи и како лек, и како храна и како зачин поради ароматичниот вкус и мирис. Во средниот век била главна лековита билка за треска. Со неа се спасиле многу луѓе. Така го добила името ангелска билка. Подоцна настанало името Ангелика, оти според преданијата, ја открил Свети Архангел Михаил.

Коренот е добар за варење, а етеричните масла за поттикнување на апетитот. Билката закрепнува од анорексија и омалаксаност. Помага за менструални и ревматски болки и болести на црниот дроб. Добра е против воспаление на белите дробови и бронхитис. Го спречува и згрутчувањето на крвта, па се препорачува и за лекување тромбоза. Се користи и како средство за смирување и за мирен сон.

Конзумирањето не е препорачливо при бременост и при доењето на бебето.          

Loading