СТАДИОНОТ Е ПРЕД УПОТРЕБА

Фудбал – Победа

Наскоро ќе има првенствен фудбалски меч ќе има на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,,. Ова се насетува од средбата на градоначалникот Илија Јованоски, градоначалникот Муамед Сејдини – претседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев – потпретседателот, Марјан Стојкоски – Манта , членот на УО. Постоеше шанса враќањето на стадионот да се случи веќе денеска (петок) во 13 часот, кога Победа ќе се сретне со Росоман, во Втората лига – Исток, ако се досреди теренот според стандардите за овој ранг. Во спротивно, алтернатива е Могила. Мечот е привлечен од два аспекта. Прво, затоа што кај гостите се повеќе прилепчани, како Михо Андреевски, Илија Ристески, Христијан Свртиновски, Борче Сркески, Христијан Тодоровски, Стефан Тодоровски, Борче Макешоски, со тренерот Горан Тодоровски. Второ, дуелот е во момент по триумфот на Победа со Плачковица во Радовиш од 3:1, со головите на Теофан Кисески – Илијоски, Дарко Грозданоски и Давид Јошески.

Табела: Брегалница 64, Тиквеш 55, Кит-Го 42, Кожув 35, Саса 32, Осогово 29, Слога 27, Победа 20, Плачковица 12, Росоман 9.

Loading