СОМНИТЕЛНА РАСПРЕДЕЛБА НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА КЛИМИ И ВЕЛОСИПЕДИ

Локалниот огранок на Левица од Прилеп реагира:

Локалниот огранок на Левица од Прилеп ја бара на увид целата документација од јавниот повик за субвенционирање на клима уреди и велосипеди спроведен од Општина Прилеп. Се сомнева во малверзацијата на петте милиони денари надомест на дел од трошоци за инвертер клими и велосипеди. Се сомневаат дека дел од добитниците на субвенции, климите и велосипедите, се купени во еден до два часа по отворањето на неколку продавници во истиот ден на стартот на повикот, што е физички неможно да се купат 300-400 клими и велосипеди во еден час од 2-3 продавници.

– Процесот бил наместен за блиски луѓе, роднини и пријатели на власта во Прилеп, па и за мал дел членови на СДСМ уште и пред да почне – се вели во соопштението на Локалниот огранок на Левица од Прилеп.

Според Левица, поради небулозното правило ,,прв пријавен – прв услужен,, без да се води контрола со редоследни броеви, создадено е незадоволство од предвремениот прекин на повикот со изговор дека е постигнат бројот на пријавени – велат од Левица.

Loading