ОНЛАЈН ИЗЛОЖБА

Crtezi mojot ubav grad

Друштвото на ликовни уметници на Прилеп ДЛУП за меѓународниот ден на уметноста 15 април организира онлајн изложба на ФБ на ликовни творби на ученици од основните училишта. Делата се дел од конкурсот на ДЛУП на тема ,,Мојот убав град,,. Виртуелната изложба претендира да ја анимира младата популација во времето на пандемија. Биле ангажирани учениците од ОУ ,,Гоце Делчев,, и од ОУ ,,Рампо Левката,,. Творештвото е на ученици од 6, 7, 8 и 9 одделение во две категории. Меѓу поуспешните дела се од Теа Петреска, Андреа Ацеска, Димитар Стојаноски од ОУ ,,Рампо Левката,, и Марија Котева, Анастасија Оџаклиеска и Борјан Петрески  од ОУ ,,Гоце Делчев,,.

Претседателот на ДЛУП, Методи Исков вели дека е потребно учениците да се мотивираат на креативност, да веруваат на својата дарба, на својот талент и да создаваат, творат и постојано да се надоградуваат, охрабрувајќи се да ги презентираат своите творби.

-Од вештите раце произлегоа убави ликовни творби, преку кои е изразена љубовта кон својот град, овекувајќи ги неговите убавини. Планираме манифестацијата да прерасне во хепенинг, односно ликовна колонија – вели Исков.

Loading