АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Се сопнуваат на рамен пат,  се стремат кон планинските висови.

X

За да го почувствуваш  ветерот в грб, не е доволно само да се свртиш.

X

Добро е кога оди кроце по кроце, а не прекутрупа.

X

Не е за никаде, а се втурнува секаде.

X

Тајно се цртаат граници, а јавно ни велат дека тоа е опасно.

X

Не влегувајте во филм кога не го знаете сценариото и режисерот.

X

Ако сте на правиот пат никој нема никогаш да ве сопре.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading