ТРАОР ВО 22 СЕМЕЈСТВА

За девет дена

Според Центарот за јавно здравје, меѓу 5 и 14 април во Прилеп биле заболени 425 граѓани од Ковид-19. Починале 22 лица од коронавирусот.

Активни се 1.026 случани, од кои на болничко лекување се 125 лица. Од нив 99 се на кислородна поддршка. Во дневната болница се лекуваат 105 пациенти, а на домашно лекување се 98 граѓани. 

Од почетокот на пандемијата се заразени 7.632, а битката со болеста ја загубиле 367 лица.

 Инаку, во Прилеп се имунизирани над 500 лица од добиените над 1100 вакцини. Одзивот на граѓаните  над 75 годишна вораст е над 80 отсто. Во меѓувреме во Скопје се вакцинираа дел од ризичните групи, како што се  здравствените работници, наставниците од основните училишта, воспитувачките ио негувателките во градинките, војската, судиите, обвинителите, полицајците…

Според градоначалникот Илија Јованоски, во претстојниот период ќе се зголемува бројот на достапни вакцини. Тој апелира на вакцинација, бидејќи тоа е единствениот начин да се стави крај на пандемијата со вирусот Ковид-19.

Loading